Дома Останати Авто Мото Не е само Мик: Уште еден Шумахер сериозно влегува во формула светот

Не е само Мик: Уште еден Шумахер сериозно влегува во формула светот

Jaвноста веќе подолго време го следи Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел кој ги следи стапките на неговиот татко.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Мик се натпреварува во Формула 2 каде што вози за Према Рејсинг. Покрај него посериозно во овој свет влегува и неговиот братучед, син на Ралф Шумахер, Дејвид.

Дејвид Шумахер оваа сезона целосно ќе дебитира во Формула 3 возејќи за тимот од Чешка, Шаруз. Дејвид и минатата година возеше во Формула 3, но тогаш го менуваше повредениот Алекс Перони и настапи на две трки.

„Среќен сум што зачекорувам во Формула 3 со тимот на Шаруз. Минатата година возев на последните две трки и тоа беше добра подготовка. Одиме чекор по чекор оваа сезона и ќе се обидеме да завршиме колку што е можно повисоко на поредокот“, изјави Дејвид Шумахер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…