Откако утрово ви пренесовме дека Реал Мадрид дефинитивно го отпиша Герет Бејл, сега пристигнуваат нови информации од Шпанија.
Како што пишува „Марка“, францускиот стручњак јасно му порачал на Бејл дека не смета на неговите услуги, а „кралевите“ се спремни на радикален потег и Велшанецот да го пуштат од клубот без обештетување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми тврдат дека истата „судбина“ го чека и Хамес Родригез кој минатото лето се врати во Мадрид, но не е во плановите на Зидан.
Проблем за „кралевите“ е што нема да можат да ја вратат вложената сума за Колумбиецот. За него интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, пред се Евертон, но се спремни максимум да понудат 40 милиони евра.
Реал е спремен да ја прифати таа сума само да се ослободи од Хамес и од неговата висока плата.