Дома Трансфер зона Не е во Манчестер Јунајтед: Варан откри во кој клуб сака да се пензионира

Не е во Манчестер Јунајтед: Варан откри во кој клуб сака да се пензионира

Искусниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан призна дека би сакал да се пензионира во дресот на Реал Мадрид, каде што играше неколку сезони и освои 10 трофеи.

Французинот си замина од „Сантијаго Бернабеу“ во 2021 година и се пресели во Манчестер јунајтед за 40 милиони евра.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Варан е важен во одбраната на „ѓаволите“, каде што игра покрај Лисандро Мартинез, а има договор со премиерлигашот до 2025 година.

Дефанзивецот во разговор со медиумите кажа дека мала е веројатноста да се врати во Мадрид, но негова желба е да се пензионира во дресот на „кралевите“.

Варант за „кралскиот клуб“ одигра 360 меча и постигна 17 голови и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…