Зимскиот преоден рок во поголемите лиги е зад нас, а еден од оние кои никако не се задоволни со развојот на ситуацијата на истиот е ѕездата на ПСЖ, Нејмар.
Имено, Бразилецот е исклучително разочаран бидејќи Парижаните во последниот ден од преодниот рок го продадоа неговиот сонародник, Лукас Моура.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Моура, во последниот ден го замени Париз за Лондон, па кариерата ќе ја продолжи во дресот на Тотенхем, во кој ќе се обиде да се избори за поголема минутажа и значителна улога.
Меѓутоа, Нејмар верува дека челниците на ПСЖ погрешиле бидејќи го „принудиле“ Моура да го напушти „Паркот на Принцовите“. Тој за гол.ком, истакна дека Моура имал што да му понуди на ПСЖ, но дека во клубот одлучиле да не ги користат неговите услуги, па така оваа сезона запиша само шест настапи за Парижаните.
„Тажен сум бидејќи тој е мој добар пријател, тој е квалитетен играч кој е ретко користен… Мислам дека тоа не е фер. Тој е мој брат во светот на фудбалот. Му посакувам се најдобро. Која и да е неговата дестинација, се надевам дека ќе постигнува погодоци и дека набрзо ќе се врати во репрезентацијата на Бразил“, истакна Нејмар и додаде:
„Тој не е само мој пријател, тој е добро момче. Можевме повеќе да го користиме во ПСЖ, но јас не сум сопственик на клубот… Сепак, ако ме прашате мене никогаш не требаше да го напушти Париз“.