Бразилецот Нејмар изминатото лето премина од Барселона во редовите на ПСЖ и со тоа стана најскапиот фудбалер на сите времиња.
ПСЖ за неговите услуги на Барселона и плати 222 милиони евра, а статусот најскап фудбалер на Бразилецот му отвори нови апетити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познато е дека Нејмар сака да се забавува. Во текот на летото често ги дочекуваше утрата во дискотеките ширум светот, а така продолжи и по доаѓањето во Париз.
Во текот на викендот Нејмар се забавуваше до утринските часови, но за тоа има дозвола и од тренерот Унаи Емери.
„Млад е, но и одговорен. Надвор од теренот сака да го поминува времето со пријателите. Сосема го разбирам и тоа е нормално. Знае дека мора да се одмара во недела, тоа го правеше во текот на викендот и се чустсвува сосема добро“, изјави Емери.
Нејмар до овој момент во француското првенство на 13 одиграни натпревари постигна 11 погодоци и запиша девет асистенции.