Дома Топ вести Нејмар прифаќа и 15 милиони евра помалку само да се врати во Барселона?

Нејмар прифаќа и 15 милиони евра помалку само да се врати во Барселона?

Во желба да даде свој допринос во преговорите и да го забрза неговиот процес на заминување од Пари Сен Жермен, Нејмар наводно е спремен да се откаже и од голем дел од своите годишни приходи.

На две недели пред завршувањето на преодниот рок 27 годишниот фудбалер и понатаму чека договор кој ќе му овозможи трансфер во друг клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Како што е познато, во тек се преговори со клубовите. Но, се уште нема некој поголем напредок“, изјави спортскиот директор на ПСЖ Леонардо во интервју за „РМЦ Спорт“.

Интер покажуваат Реал Мадрид и Барселона, но и двата шпански гиганти засега не прифаќаат да го исплатат она што го бараат „светците“.

Новинарот на „Би-Би-Си“, Гилијам Балаг пренесува дека Бразилецот е спремен место досегашните 38 милиони евра кој ги добива во Париз во Барса да прифати 23 милиони евра по сезона.

„Интересна е ситуацијата во Барселона. Тие веруваат дека навистина мораат да напарават се за да го вратат Нејмар назад. Лионел Меси, Пике и Суарез сакаат тој да се врати, но претседателот Бартомеу кој на таа функција ќе биде уште две години и сака да остави нешто големо зад себе“, истакна Балаг.

Преодниот рок во Франција и Шпанија трае до 2-ри септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…