Дома Фудбал Останато Нејмар побарал од УЕФА Барселона да биде исфрлена од Лигата на шампионите?!

Нејмар побарал од УЕФА Барселона да биде исфрлена од Лигата на шампионите?!

neymar

Според неофицијални извори, Бразилецот испратил жалба до УЕФА за непочитувањето на обврските на Барселона во договорот, наводно дури барал и исфрлување на Каталонскиот гигант од Лигата на шампионите.

Барселона и Нејмар не се разделија пријателски и тоа веќе на сите им е јасно.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Нејмар ја напушти Барселона и премина во редовите на ПСЖ и со тоа стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот. Сега како што пренесува шпански „АС“ Нејмар сака Барселона да му го исплати т.н „бонус за лојалност“ кој беше предвиден според новиот договор и кој изнесуваше 26 милиони евра, а условот беше Нејмар да остане фудбалер на Барселона до 31 јули.

Од таа причина Нејмар се жалеше и кај УЕФА.

Нејмар наводно барал исфрлување на Барселона од Лигата на шампионите поради непочитување на овие обврски, а наводно таков совет добил од своите адвокати.

Ова сигурно нема да им се допадне на навивачите на Барселона каде што Нејмар настапуваше четири сезони, а да потсетиме дека и Барселона најави тужба против Бразилецот кој претходно доби бонус од 8.5 милиони евра како награда за продолжување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Грузија поведе, но потоа Шпанија покажа класа🎥

Репрезентацијата на Шпанија според очекувањата ја победи Грузија со 4:1 и се пласира во че…