Нејмар во овој момент е најголемата бразилска ѕвезда и се најде на мета на критики од јавноста откако не се појави на погребот на Пеле.
Сантос е клубот каде што се развиваше Нејмар, а тој клуб го „изроди“ и „кралот на фудбалот“. Пеле скоро цела своја кариера ја помина во Сантос. Сите очекуваа Нејмар да се појави на погребот, но тоа не се случи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нејмар секако има оправдување со обврските во ПСЖ, но Бразилците потсетуваат и дека претходно знаеше да биде ослободуван за разни забави и карневали.
„Сигурно Нејмар можеше лесно да го убеди ПСЖ да добие дозвола да присуствува на погребот. Неколку пати бараше дозвола за разни забави и ја добивал. Како не би добил дозвола за да присуствува на погребот на најголемиот во историјата и негов сонародник?
Како најголема ѕвезда на Бразил во овој момент Нејмар имаше обврска да дојде на погребот на Пеле и да се прости од него, тоа беше важно за бразилскиот фудбал“, критикуваат Бразилците.
На погребот на Пеле во име на целото семејство на Нејмар се појави неговиот татко.