Бразилската ѕвезда Нејмар во наредните денови ќе потпише петгодишен договор соС ПСЖ.
Актуелниот договор на Нејмар со францускиот шампион важи до 2022 година. Сепак, тој постигнал договор за продолжување на соработката и се би требало да биде објавено во наредните денови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите, платата на Нејмар ќе остане иста. Таа изнесува скоро 37 милиони евра годишно, но како што наведува „ЕСПН“ причините поради кои Нејмар го продолжил договорот се спортски, а не економски.
Ќе потсетиме, Нејмар во 2017 година во најголем трансфер на сите времиња (222 милиони евра) пристигна во ПСЖ од Барселона
За клубот од Париз за нешто повеќе од три сезони одигра 89 натпревари и постигна 72 гола.