Пред самиот почетокот на јануарскиот преоден рок, шпанските медиуми пренесуваат информација за откупната клазула на Нејмар која ќе стапи на сила во 2020-та година.
Според пишувањата на мадридскиот весник „АС“, ѕвездата на ПСЖ, Нејмар во својот договор има откупна клазула во висина од 160 милиони евра, која ќе стапи на сила од 2020-та година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилецот пристигна во Париз во август 2017-та година, но неговиот престој во ПСЖ би можел да трае многу кратко со оглед дека голем број клубови се заинтересирани за неговите услуги.
Она што е интересно е дека во моментот кога откупната клазула ќе стапи на сила, Нејмар ќе има 28 години, а нормално како негов следен клуб најмногу се споменува Барселона, односно враќање на Бразилецот на „Камп Ноу“.
Се погласни се шпекулациите дека ПСЖ ова лето може да прифати понуда од 200 милиони евра за Нејмар, бидејќи има проблеми со Финансискиот фер-плеј.