Дома Фудбал Останато Нејмар е повеќе платен од цел тим на Аталанта

Нејмар е повеќе платен од цел тим на Аталанта

На 12-ти август ќе гледаме спектакл во Лисабон во кој ќе се сретнат ПСЖ и Аталанта.

Една работа најголемото изненадување во Европа и ПСЖ сериозно ги раздвојува. Во прашање е разликата во плати и таа е огромна. Фрапантно звучи податокот дека Нејмар е повеќе платен од сите првотимци на клубот од Бергамо.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Според достапните податоци Нејмар добива плата од 36 милиони евра годишно, додека најплатените поедици во дресот на Аталанта се Папу Гомез, Јосип Иличиќ и Дуван Запата кои добиваат по 1.2 милиони евра.

Дуелот помеѓу Аталанта и ПСЖ на програмата е во среда, а потоа во наредните денови играат Лајпциг – Аталанта, Барселона – Баерн и Манчестер Сити – Лион.

Аталанта сезоната во Серија А ја заврши на третото место, па и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нема да ги следи стапките на Гомез и Рибери: Милер знае каде сигурно нема да продолжи

Томас Милер има многу понуди, а една од нив доаѓаше од Фиренца. Фиорентина сакаше искусен …