Бразилската голема ѕвезда Нејмар беше соиграч со Килијан Мбапе во Пари Сен Жермен и сега времето поминато со Французинот одлучил да го искористи да ги предупреди своите сонародници.
Мбапе летово пристигна во Реал Мадрид каде што игра со Винисиус Жуниор и Родриго, а Нејмар ги предупредил дека играњето со Мбапе може да не биде пријатно.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Информацијата ја објави францускиот новинар Сирил Ануна. Нејмаро дигра 156 натпревари со Мбапе во ПСЖ пред да направи трансфер во Ал Хилал па така добро го познава.
„Бразилците кои играат во Реал Мадрид се пријатeли со Нејмар, а помеѓу него и Мбапе секогаш постоела војна. Нејмар испратил порака во која им кажал дека времето кое го поминал со него било катастрофа и признал дека му било пеколно тешко да играат заедно“, пишува Ануна.