Бразилецот Нејмар изминатото лето ја напушти Барселона и премина во редовите на ПСЖ, но како што пренесуваат сите светски медиуми ПСЖ за Нејмар е само попатна станица.
Наводно Нејмар веќе зажалил што го избрал Париз. Според француските медиуми тој не се сложува најдобро со соиграчите, тренерот не му одговора, а не се прилагодил најдобро ниту на градот, па веќе започнаа шпекулации за негово заминување од „Паркот на принцовите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нејмар наводно би се вратил во Шпанија, а како негова можна наредна дестинација се споменува Реал Мадрид. Медиумите во Шпанија ги интересираше што за таквиот расплет мисли капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
„Во тимот ги сакам најдобрите играчи, а Нејмар е еден од нив. Можеби полесно за него е што прво го избра ПСЖ, а не веднаш Реал Мадрид. Тоа се лични одлуки, не можеше ништо да предвидуваш. Доколку сака да дојде на „Сантијаго Бернабеу“ вратите му се отворени. Мојот однос со него е одличен“, истакна Рамос.