Дома Фудбал Лига на шампиони Нешто се крчка во соблекувалната на „Кралевите“: Каде ли беа Роналдо и Бејл? (ВИДЕО)

Нешто се крчка во соблекувалната на „Кралевите“: Каде ли беа Роналдо и Бејл? (ВИДЕО)

По церемонијата и прославата на новата шампионска титула во Лигата на шампионите на теренот, фудбалерите на Реал ја продолжија радоста во соблекувалната.

Капитенот, Серхио Рамос со пехарот во рацете одеѓе од играч до играч да го честита новиот подвиг, а меѓу нив ги немаше Кристијано Роналдо и Герет Бејл.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Роналдо не ја пропушти можноста да го пренасочи вниманието на себе по мечот во кој баш и не се прослави. Не успеа да постигне погодок, баш се изнервира во финишот кога Бејл не му ја додаде топката и кога акцијата беше прекината поради упадот на копијата на Џими Џамп.

Од друга страна, Бејл влезе од клупата и го реши финалето, го украде шоуто, но не прослави со соиграчите во соблекувалната.

Погледнете ја видео снимката и уверете се сами:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мурињо на чекор од враќање во Премиер лигата!

Жозе Мурињо неодамна го напушти Фенербахче, по една година во клубот. И во оваа сезона, пр…