71-годишниот Оскар Табарез ќе ја предводи селекцијата на Уругвај и на наредното Светско првенство во 2022 година во Катар, нормално доколку се пласира.
Имено, искусниот тренер денес потпиша нов 4-годишен договор со Федерацијата на Уругвај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Популарниот „професор“ освен што е во осмата деценија од животот боледува од ретка болест на нервниот систем. Но и покрај тоа одлучи да продолжи да ја предводи репрезентацијата.
Табарез е на клупата на Уругвај по втор пат од 2006 година, а претходно ја педводеше репрезентацијата од 1988 до 1990 година. Уругвајците со него одиграа четири Светски првенства, а најдобриот успех го постигнаа 2010 година кога играа во полуфинале.