Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Кевин Дурант донел конечна одлука за тоа во кој клуб ќе ја продолжи кариерата и истата наскоро би требало да ја соопшти.
Ќе потсетиме, Дурант неодамна одби да го според клазулата да го продолжи договорот со Голден Стејт и така се откажа од 31.5 милион долари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американските медиуми пренесуваат дека Дурант се наоѓа во Њујорк каде што со својот агент ги разгледува понудите за продолжување на кариерата, а доверливиот новинар на „ЕСПН“ Адриан Војародовски пренесува дека одлуката ќе многу брзо ќе биде соопштена.
Се смета дека Дурант ќе избере помеѓу Њујорк Никси, Бруклин Нетс и Лос Анџелес Лејкерси, има и некои кои сметаат дека и останувањето во Вориорсите е опција. Се семта дека фаворит е Бруклин.
Како и да е наскоро се очекува Дурант да ја соопшти одлуката.
Но, тоа не е се истиот новинар најавува дека Нетси ги обезбедил и потписите на Кајри Ирвинг и Деандре Џордан!
Ако е ова точно тогаш Бруклин градат навистина страшен тим.