Изминатата вечер во НБА лигата, Феникс Санс на домашен терен славеше победа против Филделфија со 115:102, а во овој натпревар беше посебен за Кевин Дурант.
Дурант е еден од кошаркарите со најдолг стаж во НБА лигата и тој е осми стрелец во историјата на најсилната кошаркарска лига. Натпреварот Дурант го заврши со 22 поени и така дојде до бројката од 28.610 со што го прескокна Шекил Онил на вечната листа и сега е осми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред Дурант сега е Вилт Чемберлен за кого ако го престигне ќе му треба подолг период бидејќи Чембрлен има околу 3.000 поени повеќе. Претходно оваа сезона Дурант на листата ги помина: Хаким Олајџувон, Елвин Хејс, Мозес Мелоун и Кармело Ентони.
„Навистина сум благодарен што имам можност да бидам во вакво друштво, со некои од најголемите имиња во кошарката. Добро знаеме што значи Шек во кошарката и тоа што го престигнав за мене е голем успех. Кошарката е повеќе од постигнување поени, меѓутоа прекрасно е што имам ваков подвиг во кариерата“, изјави Дурант.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Мајами 104-107
Детроит – Индијана 103-122
Бостон – Милвоки 122-119
Торонто – Сакраменто 89-123
Оклахома – Јута 119-107
Голден Стејт – Мемфис 137-116
Феникс – Филаделфија 115-102
Портланд – ЛА Клиперс 103-116