Според зборовите на голманот на Удинезе Хуан Мусо македонскиот напаѓач Илија Несторовски е главниот човек за забава и шеги во соблекувалната.
Мусо доби прашање од италијанските медиуми кој е најлудиот во соблекувалната, а во таа прилика тој го кажа името на нашиот фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тешко прашање бидејќи во нашата соблекувална има повеќе „лудаци“, но прв кој ми паѓа на памет е Несторовски. Само што ќе го видите сфаќате дека е „луд“. Постојано се шегува и ги смее останатите“, изјави Мусo.
Ќе потсетиме, Несторовски во Удинезе пристигна летово после колапсот кој му се случи на Палермо.
Својата смисла за хумор Несторовски ја покажа и неодамна кога го исмејуваше ВАР кога погоди против Сампдорија, откако претходно еден гол му беше поништен поради новата технологија.