Дома Македонски спорт Несторовски, Пандев, Елмас, Столе, Алиоски, Барди…Против Косово може да играме без пола репрезентација!

Несторовски, Пандев, Елмас, Столе, Алиоски, Барди…Против Косово може да играме без пола репрезентација!

После вчерашните јавни барања на репрезентативците и селекторот, денес ФФМ испрати и официјално барање за одложување на натпреварот против Косово.

Ако УЕФА донесе одлука натпреварот да се игра не само што ќе го играме без публика, туки и неколку важни играчи веројатно нема да можат да настапат.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


СЗО (Светската здравствена организација) прогласи пандемија поради брзото ширење на коронавирусот, а тоа ја примора и Македонија да донесе строги мерки за заштита. Лицата кои доаѓаат од високо ризичните места ќе мораат да поминат 14 дена во карантин и тоа е задолжително објави денес Министерот за здравство Венко Филипче.

„Луѓето кои доаѓаат од високо и средно ризичните емји ќе мораат да бидат ставени во карантин. Ќе бидат заедно затоа што имаме информации дека во многу земји кои се сметаат средно ризични има голем број тестирања“.

Кај нас во „загрозени“ поради ваквиот задолжителен карантин се: Столе Димитриевски, Александар Трајковски и Енис Барди кои доаѓаат од Шпанија, потоа Горан Пандев, Елиф Елмас и Илија Несторовски од Италија, Езгјан Алиоски од Англија, Бејтулаи од Финска, Ѓоко Зајков од Белгија, Никола Ѓорѓев од Швајцарија, Влатко Стојановски од Франција и Стефан Спировски од Израел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Без него Сити не може никого да победи, а тој порачува: Уживам во одморот!

Фудбалерот на Манчестер Сити и репрезентативецот на Шпанија Родри изјави дека се надева де…