Дома Фудбал Италија Неста се врати дома: Легендата седна на кормилото на Перуџа!

Неста се врати дома: Легендата седна на кормилото на Перуџа!

Еден од најдобрите дефанзивци во историјата, легендарниот Алесандро Неста денес беше именуван за нов тренер на Перуџа.

Неста по завршувањето на фудбалската започна тренерска кариера и беше тренер на Мајами, а ова ќе биде негов прв ангажман во Италија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Перуџа го отпушти тренерот Бреда, па Неста денес го одработи првиот тренинг со тимот.

Перуџа моментално се наоѓа на 8-то место во Серија Б и ќе игра плеј-оф за влез во Серија А, па Неста веднаш ќе се соочи до тежок предизвик.

„Среќен сум што се враќам дома и доаѓам со голем ентузијазам. Перуџа е фудбалски град и сметам дека ќе биде идеално место за мене да се развивам како тренер“, изјави Неста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти уверен во успехот на Италијаните: Имаат 95 проценти шанса да одат на Светското и ги чека лесна група

Карло Анчелоти, еден од најславните италијански тренери, смета дека Азурите лесно ќе се сп…