Една од најбизарните сцени во поновата фудбалска историја се случи во Црна Гора, каде Зета го победи Његош од Подгорица со 19:0 во тамошниот трет ранг на натпреварување.
Фудбалерите на Његош се најдоа во центарот на вниманието на јавноста бидејќи примија дури 50 гола на последните четири натпревари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Причината во голема мера лежи во ограничениот играчки кадар со кој располага овој тим, па против Зета замина со десет играчи.
Зета ја искористи својата супериорност во однос на квалитетот и бројот на играчи и ја наполни мрежата на ривалот до врв, а прашање е каков резултат ќе завршеше натпреварот доколку не беше видена бизарна сцена во 70. минута кога Зета водеше 19:0.
Имено, како што пренесуваат црногорските медиуми, дури десет играчи на овој тим истовремено, како што пренесува порталот РТЦГ, паднале на теренот „како покосени“, па натпреварот бил прекинат поради колапс на целата екипа.