Египетскиот Ал Ахли е еден од најголемите и најтрофејни клубови во Африка, а сега покажа дека ги има најдобрите и најверните навивачи на светот.
Ал Ахли во сабота ќе игра финале на Лигата на шампиони во Африка против Видад, па одлучи еден од тренинзите да биде отворен за навивачите.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
На стадионот дојдоа толку многу фанови што капацитетот беше недоволен да ги прими, па дел од нив застанаа на самиот терен, а од клубот соопштија дека присуствувале повеќе од 100.000 навивачи.
Иако тренингот не се одржа, стручниот штаб и играчите беа повеќе од среќни бидејќи добија таква масовна и силна поддршка пред клучниот меч.
Во првиот натревар, АЛ Ахли одигра 1-1 на домашен терен против Видад Казабланка, а реванш дуелот е закажан за в сабота со почеток од 21.00 часот.