Дома Актуелно Неочекувано доби шанса кај Мурињо, а сега ја одби Англија поради Шкотска

Неочекувано доби шанса кај Мурињо, а сега ја одби Англија поради Шкотска

Не го послуша советот на Жозе Мурињо.

Англија и Шкотска водат жестока борба за младиот играч за врска на Манчестер Јунајтед Скот Мектоминеј.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој 21 играч за врска изненадувачки доби минутажа оваа сезона на „Олд Трафорд“ и одлично ја искористи дадената шанса и го сврте вниманието на селекторот на Англија, Герет Саудгејт.

Мектоминеј е роден во Англија, но неговото потекло е од Шкотска, не настапил за ниту една млада селекција и јасно е дека може да бира за кого ќе игра на сениорско ниво, а право за настап има и за Шкотска и за Англија.

По неговиата последна постапка изгелда дека познато е за кого ќе настапува. Мектоминеј го одби првиот повик од Шкотска со објаснување дека сега сака да се посвети на Манчестер Јунајтед. Но, сега ја одби и Англија, па изгледа дека репрезентативната кариера одлучил да ја гради во Шкотска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…