Нема промени кога во прашање е Душан Влаховиќ.
„Газета дело Спорт“ пишува дека статусот не се променил, наводно тој е лут, а во клубот ја игнорираат целата работа и не помислуваат да го заштитат од навивачите кои не му простиле. Српскиот напаѓач има поддршка од соиграчите и тренерот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Влаховиќ и неговите агенти немаат намера да одговорат на иницијативата на претседателот на клубот и да ги обноват преговорите. Сопствникот на Тосканците објави дека Влаховиќ го одбил најдобриот договор кој бил понуден на еден играч на Фиопрентина.
Во овој момент изгледа дека единственото решение Влаховиќ и Фиорентина да продолжат „разведени во иста куќа“. Се најавува дека се ќе мирува до зима, се шпекулира дека клубот може да го продаде во јануари, но тоа е малку веројатно. Причината е што такви трансфери ретко се случуваат во зимскиот преоден рок.