Вечерва се одиграа уште два реванши во Лигата на шампионите, а во четврфиналето продолжуваат Ливерпул и ПСЖ.
ПСЖ во Париз ја пречека Барселона после убедливата победа во Каталонија од 1:4. Каталонците беа пред тешка мисија која на крајот и не ја остварија затоа што вечерашниот дуел заврши 1:1. Започна Барселона добро и офанзивно, но ПСЖ доби пенал кој практично беше прва посериозна шанса за домаќините. Пеналот во гол го претвори Мбапе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меси блесна во 37. минута со еден спектакуларен гол од далечина. Сепак, само неколку минути подоцна се случи можеби и клучниот момент во овој дуел. Барселона доби пенал, одговорноста ја превзема Меси и Аргентинецот промаши, односно Навас со помош на пречката го одбрани неговиот удар. До тој момент Барса беше многу подобар тим од ПСЖ, создаваа многу шанси пред голот на Навас.
Во вториот дел мотивацијата кај фудбалерите на Барселона како да падна, па гледавме еден натпревар со мирна игра која повеќе одговораше на домаќинот.
И вториот натпревар не донесе пресврт Ливерпул дојде до нова победа од 2:0 против Лајпциг и со вкупни 4:0 патува во четвртфиналето. Головите за Ливерпул беа дело на Салах и Мане.