Фудбалскиот клув Фламенго се прости од младиот напаѓач, Винсијус Жуниор кој во јули ќе ја задолжи опремата на мадридски Реал.
Реал Мадрид го купија уште кога имаше 16 години, платија 45 милиони евра за неговите услуги, многумина тоа го видоа како лудост на кралскиот клуб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, младиот Бразилец во изминатиот период одлично се разви, на 70 настапи за првиот тим на Фламенго запиша 14 погодоци и сега се сели во Европа.
Јасно е дека ќе му биде потребно време да се адаптира на европскиот фудбал, но исто така е јасно дека Реал во своите редови од следниот месец ќе го има најталентираниот напаѓач на светот.
Постоеше идеја во Фламенго да остане до декември, но на крајот сепак се одлучи да се пресели во Мадрид кога ќе наполни 18 години, а тоа ќе се случи на 12 јули следната година.
Фламенго и официјално се прости со напаѓачот, кој може да игра по двата краеви во нападот, но и зад најистурените, па младиот Винсијус во текот на летото ќе се обиде да се избори за место на „Сантијаго Бернабеу“.
Не е исклучена можноста, Реал да го испрати на позајмица, но со оглед на тоа дека во прашање е еден од најголемите светски таленти, се очекува Лопетеги да му пружи шанса следната година.
Adeus iminente: Fla marca coletiva para despedida de Vinicius Júnior – https://t.co/OsAJMWDWXx pic.twitter.com/atBKK9G3B6
— Coluna do Flamengo (@ColunaFlamengo) June 24, 2018