Дома Фудбал Италија Нема крај на хаосот: Џенова стана втор клуб во светот со најмногу позитивни на Ковид-19!

Нема крај на хаосот: Џенова стана втор клуб во светот со најмногу позитивни на Ковид-19!

На хаосот во Џенова како да нема крај.

Од ден во ден клубот потврдува нови случаи на коронавирус, вчера имаше нови три, денес уште толку. Новите позитивни случаи во Џенова се Кришито, Бираски и Малес.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Со ова Џенова стигна до бројката од 22 (17 фудбалери) случаи во клубот со што стана вториот клуб во светот со најмногу заразени од коронавирус, само Бока имаше повеќе (24).

Во клубот секојдневно има тестирања поради големиот број случаи, добро е што Пандев е помеѓу оние малкумина кои не се позитивни, меѓутоа и така се појави проблем за неговото доаѓање во Скопје за натпреварот против Косово. Како и да е се ќе биде јасно во тој поглед денес кога селекторот Игор Ангеловски треба да го објави списокот на повикани играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотенхем на чекор од големо засилување

Тотенхем би можел во наредните денови да го договори најголемиот трансфер ова лето. Станув…