Дома Фудбал Нема крај на лошите вести за Реал Мадрид

Нема крај на лошите вести за Реал Мадрид

Реал Мадрид во неделата доживеа неочекуван пораз во гости против Бетис, но на лошите вести после овој натпревар им нема крај за Кралевите.

Тимот од Мадрид после поразот од Бетис го загуби лидерското место во Ла Лига бидејќи нивниот кикс го искористи Барселона која сега има два бода повеќе. Но, покрај поразот од Бетис овој натпревар му направи уште неколку проблеми на Зинедин Зидан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, тој поради повреда на средината во второто полувреме мораше од игра да го извади Марсело, додека Куртоа со повреда бранеше во поголемиот дел од натпреварот.

Реал Мадрид утрово објави дека и двајцата играчи биле на детални прегледи и дека ги очекува пауза. Марсело и Куртоа скоро сигурно ќе ги пропуштат следните два натпревари за Реал, а тоа се натпреварите против Еибар и Манчестер Сити.

Сигурно дека најголем удар за Зидан е тоа што нема да може да смета на овој двоец за натпреварот на Етихат против Сити во ЛШ, каде Реал мора да го надокнади поразот од првиот натпревар (1:2).

Се очекува дека на голот на овие натпревари ќе биде Ареола, додека на левата бековска позиција ќе игра Менди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…