Дома Останати Нема дуел со Надал – Ѓоковиќ елиминиран во 1/8 финалето на Монте Карло

Нема дуел со Надал – Ѓоковиќ елиминиран во 1/8 финалето на Монте Карло

После победите на Душан Лајовиќ и Борна Чориќ, Новак Ѓоковиќ денес е запрен во 1/8 финалето од турнирот во Монте Карло.

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во ¼ финалето каде што ќе гледавме меч со Рафаел Надал.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ѓоковиќ денес беше поразен со 2:1 во сетови од, Доминик Тим. (6:7, 6:2 и 6:3).

Новак прилично резервирано влезе во денечниот меч, а тоа Тим го искористи и стигна до брејк, па поведе со 4:1 во првиот сет. Но, како што времето одминуваше Ѓоковиќ полека го подигаше нивото на игра. Прво спаси сет топка при резултат 5:3, а потоа во наредниот гејм, после два тешки удари, се избори за брејк и целосно резултатски се врати во мечот.

Тој поен како да му даде дополнителна енергија па тај-брејкот го доби со 7:2.

Во вториот и третиот како и што покажува резултатот Ѓоковиќ потфрли, па Тим го искористи тоа и се пласираше во ¼ финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…