Дома Фудбал Останато Нема долго Венгер да остане без ангажман: Се прифаќа ли понудата на ПСЖ, но таа не е за тренерската позиција?!

Нема долго Венгер да остане без ангажман: Се прифаќа ли понудата на ПСЖ, но таа не е за тренерската позиција?!

Арсен Венгер денес соопшти дека по завршувањето на сезоната ќе ја напушти клупата на Арсенал, екипата која ја предводеше во изминатите 22 години.

Францускиот стратег во изминатите неколку години наиде на доста критики поради лошите резултати на Арсенал, но се чини дека на Венгер понуда за работа нема да му недостасува.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Така, вечерва спортскиот новинар Мат Спиро на својот Твитер објави вест дека веќе се појавиле гласини дека ПСЖ сака да го ангажира Венгер.

Сепак, Венгер сигурно, во овој момент, не е првиот избор на Парижаните за позицијата главен тренер. И натаму се шпекулира дека најголемата желба на челниците на ПСЖ е некогашниот стратег на Мајнџ и Борусија Дортмунд, Томас Тухел. Желбата на Парижаните меѓутоа е да го ангажираат Венгер на позицијата генерален менаџер, па и тој да соработува со Тухел.

Сигурно е дека Венгер на позицијата шеф на стручниот штаб би сакале да го видат голем број на клубови, па тешко е да се каже колку ќе му се допаѓа ваквата понуда на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…