Фудбалското првенство во Украина и официјално е прекинато.
На 24. февруари како и останатите спортови и фудбалот застана во Украина по нападот од Русија. Ситуацијата во Украина се уште е иста, а не се знае ни кога ќе биде подобро, затоа се донесе одлука дека лигата нема да продолжи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Конечниот пласман се смета онаков каков што е до тој 24. февруари. За нов шампион е прогласен Шахтјор кој после 18 кола имаше 47 бодови, на второто место заврши Динамо Киев со 45, трет е Дњипро со 40, па Зарја со 36 освоени бодови.
Засега не е познато што ќе биде со новата сезонава и дополнително ќе се носат нови одлуки. Не се знае ниту каква ќе биде ситуацијата со учеството на европските клупски турнири.
ТАБЕЛАТА ВО УКРАИНСКОТО ПРВЕНСТВО