Дома Фудбал Англија Нема виза, нема вложувања: Абрамович ја стопираше изградбата на новиот стадион

Нема виза, нема вложувања: Абрамович ја стопираше изградбата на новиот стадион

Челзи денес преку официјално соопштение потврди дека ја стопира изградбата на нов стадион, а како причина ја наведе „тековната неповолна инвестициска клима“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новиот стадион на Челзи требаше да има 60.000 седишта и да чини една милијарда фунти, но барем засега неговата изградба е стопирана.

Оваа одлука доаѓа само неколку дена откако сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, не му беше продолжена визата за престој во Велика Британија. Рускиот милијардер потоа побара израелско државјанство кое ќе му овозможи да престојува на Островот 6 месеци.

Абрамович не сака да инвестира во голем проект во земја каде што не му е дозволено да живее.

Стадинот требаше да биде готов до почетокот на сезоната 2023/24, но од клубот сега потврдија дека проектот е „замрзнат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…