На состанок на Советот на ФИФА, денес и официјално беше донесена одлука, со која се верификувани сите победи односно титули на освојувачите на Интерконтиненталната титула.
Пред одреден период беше донесено одлука со која за освојувачи се сметаат само тимовите кои славеле од 2005. година до ден денес, бидејќи од тогаш на турнирот учествуваат држави од сите континенти, додека претходно тоа биле само клубови од Јужна Америка и Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оваа одлука и официјално нашите легенди Дарко Панчев и Илија Најдовски може да се гордеат со фактот што ја освоиле оваа драгоцена титула, во 1991. година кога Црвена Звезда беше подобра од Коло Коло од Чиле со 3:0 и ја освои титулата светски шампион.