Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ би можел да се врати на Олд Трафорд.
Видиќ, според пишувањето на англиските медиуми е во преговори со Јунајтед кој сака да го именува на директорска позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црвените ѓаволи веќе некое време се во потрага по човек идеален за таа позиција, а Видиќ е еден од кандидатите. Покрај него се уште Фердинанд, Евра, Ван дер Сар и Дарен Флечер.
Во случај да прифати, Видиќ ќе има плата од милион ипол, а ќе има важна улога и во трансфер политиката на клубот, односно ќе биде врска помеѓу Солскјер и управата на клубот.
Видиќ од 2006. до 2014. играше за Јунајтед и беше дел од една од најтрофејните генерации на славниот клуб кој тогаш го водеше Алекс Фергусон.