Дома Фудбал Германија Некогаш играше за Германија, а сега на тренингот на бундеслигашот се вратил со 110 килограми

Некогаш играше за Германија, а сега на тренингот на бундеслигашот се вратил со 110 килограми

Aктуелниот вицешампион на Европа, Борусија Дортмунд од среда ги започнува припремите за новата сезона.

Во ростерот на тимот на Нури Сахин се наоѓа и Никлас Суле (28), Германскиот стопер и поранешен репрезентативец кој во клубот пристигна пред две години како големо засилување од Баерн со кој освои пет титули шампион на Германија и една титула во Лигата на шампионите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа Суле сега е во катастрофална физичка состојба. Пред финалето во ЛШ со Реал Мадрид неговите фотографии од тренингот со вишокот килогами стаа вирални. На Европското првенство не беше повикан токму поради неговата форма.

Германскиот „Билд“ пренесува дека проблемите Суле не ги надминал, туку тие станале дури и поголеми. Наводно тој ја надминал границата од 110 килограми поради што добил сериозни опомени од директорите на клубот, Ларс Рикен и Себастијан Кехл.

Неговиот актуелен договор со Борусија Дортмунд има важност до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…