Дома Фудбал Останато Некогаш големиот талент првпат призна: Во Барселона ми беа љубоморни!

Некогаш големиот талент првпат призна: Во Барселона ми беа љубоморни!

Бојан Кркиќ некогаш го носеше епитетот „чудо од дете“ и „новиот Меси“, иако со Аргентинецот ја делеше соблекувалната кога Лео беше на почетоците од кариерата.

Сепак, кариерата на Кркиќ не се развиваше онака како што се очекуваше. Колку му беше тешко во силната конкуренција и каква била атмосферата зборуваше неодамна во разговор за „Атлетик“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Во секое мое искуство вклучена беше осаменоста. Посебно во Монтреал и Јапонија во последните три години. Бев сам. Во соблекувалната владееше голема конкуренција. Брзо и одлично напредував, а така предизвикав и љубомора. Беше тешко. На дел од соиграчите не им беше мило што едно момче доаѓа и постигнува голови“, призна Кркиќ.

По Барса, Кркиќ играше за Рома, Милан, Ајакс, Стоук, Мајнц, Алабез, Монтреал Импакт, а кариерата како 32-годишник ја заврши во јапонскиот Висел Кобе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…