Дома Фудбал Италија Некогаш големата надеж на Милан страда од депресија

Некогаш големата надеж на Милан страда од депресија

Kaко што пренесуваат италијанските медиуми поранешниот напаѓач на Милан, Патрик Кутроне поминува низ еден од најтешките периоди од животот. Напаѓачот страда од депресија откако неговиот татко починал на 30. јануари оваа година.

Кутроне имал посебен однос со неговиот татко кој бил навивач на Милан и токму тој го инспирирал да се занимава со фудбал, како дете го носел и на тренинзите на „росонерите“. Со тоа што заигра за првиот тим на италијанскиот гигант Кутроне ја исполни желбата на својот татко.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во овој момент Кутроне настапува за Емполи, а после смртта на татко му добил одмор од 10 дена за да го надмине тешкиот период. На терените се врати минатиот викенд против Каљари и одигра 64 минути, меѓутоа не изгледаше добро.

Поддршка Кутроне доби и од неговиот поранешен соиграч од Милан, Мануел Локатели кој го носи дресот на Јувентус. Локатели го посетил Кутроне и одлучил некое време да поминат заедно додека не го надмине тешкиот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати се номинираните фудбалери за „Златната топка“ (Фото)

Реномираниот француски магазин „Франс Фудбал“ објави дека овогодинешната свечена церемониј…