Дома Фудбал Италија Некогашниот фудбалер на Рома: Не кријам дека не ја сакам „Римската волчица“, фан сум на лутиот ривал

Некогашниот фудбалер на Рома: Не кријам дека не ја сакам „Римската волчица“, фан сум на лутиот ривал

Фудбалерите на Милан утре на „Олимпико“ играат против Лацио во рамки на реванш мечот во полуфиналето во Купот на Италија.

На истиот стадион, екипата на Џенаро Гатузо во неделата славеше над Рома со 2:0 во рамки на мечот од Серија А, а „Росонерите“ немаа причина да се враќаат за Милано, бидејќи утре играат повторно во Рим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Некогашниот фудбалер на Рома, Алесио Ромањоли, кој денес го носи дресот на Милан, призна дека утре игра против екипата за која навивал како мал. Иако на сцената дебатираше во дресот на Рома, денес не крие дека навива за лутиот ривал Лацио.

„Секогаш е убаво да се игра против Лацио. Навивач сум на Лацио откако знам за себеси. Знам дека некогаш играв за Рома, но не кријам дека го сакам Лацио, а не тој клуб“, истакна Ромањоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еден од најдобрите во светот сонува да го облече дресот на Реал Мадрид?!

Доминик Собослаи неодоливо потсетува на Стивен Џерард. Му недостига само капитенската лент…