Денес од 20.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје македонската одбојкарска сениорска репрезентација ќе го игра последниот петти натпревар во групата „Ц“ на Европското првенство.
Директната пресметка против Чешка ќе одлучи која репрезентација ќе го освои третото место во групата „Ц“ и победникот од тој меч во осминафиналето ќе игра против Србија на 10 септември во Бари.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Србите по триумфот над Германија од 3:1 во сетови (25:22, 20:25, 25:22, 25:19) го освоија второто место во групата „А“, зад првопласираната Италија, а Германците завршуваат како третопласирани.
Во осминафиналето групата „Ц“ вкрстува со групата „А“, сите двојки на стартот од нокаут фазата ќе се дознаат по следниот принцип (А1 – Ц4, Ц1 – А4, Ц2 – А3, А2 – Ц3).
Вчера против Холандија не можевме да сметаме на нашиот капитен, Никола Ѓоргиев, а се надеваме дека денес ќе го имаме на располагање.