Дома Фудбал Италија Незапаметено лудило низ целиот град: Благодарение на корона-правилото првпат ќе играат во Серија А ?

Незапаметено лудило низ целиот град: Благодарение на корона-правилото првпат ќе играат во Серија А ?

За првпат во клупската историја Спезија ќе игра во италијанската Серија А.

Спезија е клуб основан во 1906 година, долго предолго овој клуб чекаше на овој и не чуди што целиот град беше буден до утринските часови. Спезија до Серија А ја „турна“ новото правило воведено поради коронавирусит. Имено, овој тим во финалето од плеј-офот за влез во Серија прво славеше со 1:0 на гости кај Фросиноне, а потоа вчера со идентични 1:0 изгуби од истиот ривал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според старото правило требаше да се играат продолженија и пенали, но поради пандемијата укинати се продолженијата, па Спезија се пласираше во Серија А затоа што беше подобро рангирана на табелата во регуларниот дел о сезоната.

Покрај Спезија претходно пласман во Серија изборија Беневенто и Кротоне кои влегуваат на местото на Лече, СПАЛ и Бреша.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…