Дома Фудбал Неволја за „кралот“: Соблекувалната се сврте против капитенот

Неволја за „кралот“: Соблекувалната се сврте против капитенот

Шпанските медиуми пренесуваат дека Серхио Рамос повеќе не е омилен лик во соблекувалната на Реал Мадрид и не ја исклучуваат можноста капитенот да си замине на крајот на сезоната.

Имено, Серхио Рамос се скарал со многумина во клубот, а неговиот однос со колегите ги премина сите граници, па соблекувалната се свртела против него.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наводно капитенот на Реал покажувал повеќе нервоза после заминувањето на Кристиано Роналдо, а не е задоволен и од својот договор во клубот.

Сега бара продолжување на договорот до 2021 година и 18 милиони евра по сезона, што го налутило претседателот Флорентино Перез.

Рамос има уште 18 месеци од актуелниот договор, но медумите не ја исклучуваат можноста да си замине од Реал на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…