Дома Фудбал Англија Невил за Јунајтед: Достигнување е да потрошите милијарда фунти и да бидете волку лошу

Невил за Јунајтед: Достигнување е да потрошите милијарда фунти и да бидете волку лошу

Манчестер Јунајтед вчера доживеа вистинска бламажа во натпреварот против Брентфорд.

„Црвените ѓаволи“ беа декласирани со 4:0 и тоа сите четири гола ги примија во првото полувреме, така им приредија ново големо разочарување на своите навивачи.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


После натпреварот разбирливо стигнуваат многу критики за играта на „ѓаволите“, а еден од критичарите беше и клупската легенда Гери Невил.

„Овие играчи кај три различни менаџери покажаа дека не работат доволно, никој нема самодоверба и потребна им е помош. Бев тренер на тим кој се бореше за опстанок и знам дека е потребно нешто да ги подигне. Ова што го покажаа сега е ново дно. Изгледа дека овие играчи можат да одат и уште пониско“.

„Тен Хаг избра нешто понизок состав затоа што сметаше дека така ќе го надигра Брентфорд, но изгледаа како деца. Брентфорд ги демолираше, секоја чест на Томас Франк“.

За крај следуваше нај6руталната критика.

„Големо достигнување е да потрошите милијарда фунти и да бидете волку лоши“, иронично искоментира Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мареска за новиот херој на Челси: Токму затоа играше од почетокот!

Челси го обезбеди своето место во финалето на Светското клупско првенство благодарение на …