Дома Фудбал Англија Невил: Ако Сити го доведеше Кејн немаше да има конкуренција

Невил: Ако Сити го доведеше Кејн немаше да има конкуренција

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека „граѓаните“ немаше да имаат конкуренција доколку ова лето го доведеа Хари Кејн.

Манчестер Сити исппрати неколку понуди до Тотенхем за услугите на напаѓачот, но „спарси“ одбија да ја продадат својата најголема ѕвезда.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Манчестер Сити има проблем со реализацијата. Да, против Ливерпул постигнаа два гола, но имаа проблеми во нападот. Тоа може скапо да го чини тимот на крајот на сезоната“, истакна Невил.

„Дали нема да успеат само поради тоа што немаат напаѓач кој ќе им постигне меѓу 25 и 30 голови? Знам дека Пеп сака да игра со многу играчи за врска, но ако овој Сити го имаше Кејн, просто ќе немаа конкуренција“, заклучи Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најк „го истражува проблемот“ во дизајнот на дресовите за Светското првенство

Еден од најголемите производители на спортска опрема во светот, компанијата „Најк“ изјави …