Дома Видео Невиден хаос на Копа. Дарвин Нуњез влезе на трибините и со тупаници си го спасуваше семејството од Колумбијците

Невиден хаос на Копа. Дарвин Нуњез влезе на трибините и со тупаници си го спасуваше семејството од Колумбијците

Колумбија го победи Уругвај со 1:0 во полуфиналето на Копа Америка во Шарлот со голот на Џеферсон Лерма во 39. минута.

Таа го задржа водството, иако целото второ полувреме го одигра со играч помалку по исклучувањето на десното крило Даниел Муњоз. Така Колумбија ќе игра во финалето на Копа против Аргентина.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, натпреварот остана во сенка на хаосот што се случи по него на трибините на Американскиот стадион. Дарвин Нуњез, напаѓачот на Уругвај и Ливерпул, влета на трибината полна со навивачи на Колумбија и почна да ги напаѓа со тупаници, а набрзо му се придружија и соиграчите.

Според уругвајските медиуми, дошло до жестока тепачка бидејќи навивачите на Колумбија ги малтретирале членовите на семејството на Нуњез кои биле веднаш до нив на трибините.

Затоа Нуњез, револтиран од тоа што го трпат неговите најблиски, налета на десетици Колумбијци и со тупаница се проби низ нив до неговото семејство.

Откако го спаси семејството и ја напушти трибината, Нуњез фрли стол кон Колумбијците

Кога ситуацијата се смири, беше видена најпотресната сцена од целата ситуација. Нуњез на теренот го теши своето расплакано дете, кое мораше да го спаси откако беше физички нападнат на трибините каде очигледно немаше доволно обезбедување и полиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Инцидент пред мечот од ЛШ: Холандската полиција приведе 180 навивачи на Наполи (Видео)

Полицијата во Ајндховен приведе 180 навивачи на Наполи поради страв од нереди пред вечерни…