Дома Фудбал Останато Невидена ситуација: Ериксен, Шмајхел, Кјаер и друштвото ќе бидат заменети со – „јутубер“ и аматери!

Невидена ситуација: Ериксен, Шмајхел, Кјаер и друштвото ќе бидат заменети со – „јутубер“ и аматери!

Неверојатна ситуација во Данска!

Бризи како што е уметничкото име на фристајл и ѕвездата на уличниот фудбал, потоа момци кои една недела претходно играа аматерски фудбал, утре ќе бидат дел од репрезентацијата на Данска во пријателскиот натпревар против Словачка и Трнава, место Ериксен, Шмајхел, Кјаер…

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Главното прашање е кој ќе го игра далеку поважниот натпревар против Велс во недела на стартот од Лигата на нации.

Ваквата информација ја откриваат данските медиуми, а директорот на сојзуот Ким Халберг не можеше ниту да ја потврди, ниту да ја демантира истата.
Целата ваква ситуација како што пишувавме настана поради жестокиот судир на репрезентативците и сојузот околу комерцијалните права.

Откако сојузот ги прекина преговорите со стандардните репрезентативци, за пополнување на селекцијата се обраќаше по ред до клубовите од прва, втор и трета лига, но секаде одговорот беше ист „НЕ“. И оние непознатите фудбалери се солидаризираа со репрезентативците, но исто така сите заедно се членови на Здружението на професионални фудбалери кој е одвоено од сојзуот.

Ваква ситуација е незамислива за така сериозна држава каква што е Данска која има голема фудбалска традиција и важност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голманот на Работнички со една од најголемите грешки сезонава му подари гол на Шкупи (Видео)

Голманот на Работнички попладнево против Шкупи направи кикс со кој им дозволи на фудбалери…