Кадровските проблеми во ПСЖ можат да го натераат Томас Тухел да се „потпре“ на еден „забиравен“ играч, Хесе Родригез, пишува „АС“.
Еден од големите таленти на Реал Мадрид пристигна на „Паркот на принцовите“ со големи надежи, но брзо разочара, па беше испраќан на позајмици.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хесе минатата недела се врати во ПСЖ и ги обновуи тренинзите со остатокот од тимот, па изненадувачки може да биде во стартниот тим против Ленс утре.
Тимот на ПСЖ е десеткуван поради коронавирусот. Килијан Мбапе, Нејмар и Икарди се надвор од тимот, а на Чупо Мотинг му заврши договорот.
Младиот калимуендо е единствен конкурент за стартниот состав, а медиумите тврдат дека најверојатно Хесе ќе се најде во стартниот тим. Шпанецот има само десет одиграни натпревари за „светците“ и само еден гол.