Кристијано Роналдо собори уште еден рекорд во својата богата кариера и тој звучи навистина неверојатно.
Роналдо на 39 години во период од кариерата кога игра во првенството како Саудиска Арабија го истрча најбрзиот спринт во својата кариера на Европските првенства.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во мечот од второто коло против Турција, при еден спринт, Роналдо стигна од брзина од дури 32,7 километри на час и со тоа покажа дека годините се само бројка кога се работи за него.
УЕФА мери и објавува податоци за брзината на играчите од Евро 2012 година. Во 2012 година имал спринт од 32 км/ч, потоа во 2016 29.1 км/ч и во 2020 29.7 км/ч.