Дома Фудбал Останато Неверојатно: Пристигна на стадион во 44. минута и дебитираше за својата репрезентација

Неверојатно: Пристигна на стадион во 44. минута и дебитираше за својата репрезентација

Неверојатна ситуација му се случи на фудбалерот на Норвич, Онел Хернандез, кој беше повикан за репрезентацијата на Куба.

28-годишниот фудбалери не наслутуваше што може да му се случи на патувањето за Гватемала, каде требаше да игра меч од квалификациите за СП.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Вулканот кој се активира во оваа држава ги спречи авионите да слетуваат на аеродромот, па Хернандез одредено време беше заглавен во Мексико, од каде фати нов лет за Гватемала.

Желбата да настапи за репрезентацијата на крајот се исплатеше бидејќи успеа некако да стигне на натпреварот, кога се играше 44-та минута.

Онел му се приклучи на тимот и дебитираше во второто полувреме, но за жал Куба загуби со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Директорите на Јунајтед треба да се уапсат што го пуштија Мектоминеј

Паоло Ди Канио смета дека најголемата „кражба“ на овој преоден рок е трансферот на Скот Ме…