Новинарите го запршаа, а Зинедин Зидан искрено им одговори.
Реал Мадрид денес како гостин го совлада Еибар со 1:2, а двата погодоци за „кралевите“ ги постигна Кристиано Роналдо.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во текот на натпреварот гледачите можеби забележаа дека Серхио Рамос во 73 минута го снема на теренот и се врати неколку минути подоцна.
Секако, новинарите го запрашаа Зинедин Зидан за што се работеше, а тој им даде конкретен одговор.
„Јас мислам дека Серхио мораше да оди по голема ну*да. Отиде во тоалет и брзо се врати“, изјави Зидан на конференцијата за медиуми по натпреварот.
Навистина интересна ситуација, но за среќа на Рамос неговото отсуство не беше казнето.