Реал Мадрид вчера одигра 2:2 и со реми ќе го чека реваншот на свој терен во осминафиналето од Лигата на шампиони, а најголеми заслуги за ремито на „кралевите“ има Винисиус Жуниор кој беше стрелец на два гола.
Винисиус со овие два гола дојде и до еден неверојатен подвиг. Тој стана единствениот играч кој бил директно вклучен во повеќе од 30 гола во Лигата на шампионите од почетокот на сезоната 2021/2022. Бразилецот во елитното натпреварување постигна 16 гола и забележа 15 асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Карло Анчелоти мирно го очекува реваншот во Мадрид.
„Имаме добар резултат. Што се однесува до играта, можевме подобро. Најдобриот период ни беше на почетокот на вториот дел, кога примивме два гола. Баерн е многу опасен тим. Тој ја покажа најдобрата верзија од себе. Но, ние не. Имаме време до среда да се подобриме“, изјави Анчелоти.
Имаше пофалби и за Тони Крос.
„Добро ја контролираше топката иако беше под голем притисок. Тој одигра фантастична акција со Винисиус. Таму предноста ја искористи Крос со феноменално додавање. Го заменив само затоа што ни требаше повеќе енергија на теренот. Одигра одличен натпревар“, додаде Анчелоти.